• понеделник, 16 декември 2024

Јеменските Хути ја презедоа одговорноста за нападите врз израелскиот град Елиат и брод во Црвеното Море

Јеменските Хути ја презедоа одговорноста за нападите врз израелскиот град Елиат и брод во Црвеното Море

Сана, 26 декември 2023 (МИА) - Јеменските Хути денеска објавија дека извршиле напади врз израелскиот град Елиат и врз трговски брод во Црвеното Море.

Воениот портпарол на Хутите, Јахја Саре, изјави дека проиранската група извршила напади со беспилотни летала врз јужниот израелски град Елиат и „други области во окупирана Палестина“.

Тој исто така рече дека Хутите истрелале ракети на трговскиот брод MSC United во Црвеното Море, откако тој игнорирал три предупредувања.

Хутите, кои контролираат голем дел од Јемен, со недели ја нарушуваат светската трговија со напаѓање бродови што минуваат низ теснецот Баб ал-Мандаб на јужниот крај на Црвеното Море поради израелската војна во Појасот Газа. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан