Јелен: Неактивноста на Конгресот во врска со прашањето за помошта за Украина е подарок за Путин и Иран
- Американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави денеска дека „неактивноста“ на американскиот Конгрес во врска со одобрувањето помош за Украина е „подарок“ за рускиот претседател Владимир Путин, Иран и другите противници на Вашингтон.

Вашингтон, 7 март 2024 (МИА) - Американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави денеска дека „неактивноста“ на американскиот Конгрес во врска со одобрувањето помош за Украина е „подарок“ за рускиот претседател Владимир Путин, Иран и другите противници на Вашингтон.
„Претставничкиот дом продолжува да прави застој, Русија расте се повеќе и повеќе, а Украина е принудена да ги рационализира муницијата и залихите“, рече Јелен.
Таа додаде дека Претставничкиот дом мора да дејствува и „да ја покаже силата на американската поддршка за Украина која е соочена со агресијата на Путин“. рп/
Фото: МИА архива