• петок, 22 ноември 2024

Јелен за време на посетата на Кина повика на еднакви услови за американските работници и компании

Јелен за време на посетата на Кина повика на еднакви услови за американските работници и компании

Гуангжу, 5 април 2024 (МИА) - Американската министерка за финансии Џенет Јелен на почетокот на нејзината посета на Кина, повика официјален Пекинг да влијае на создавањето еднакви услови за американските компании и работници, како и да се справи со вишокот производствен капацитет.

Јелен ја почна петдневната посета на Кина во еден од најголемите индустриски и извозни центри, а во пресрет на разговорите со високи кинески претставници ги презентираше американските ставови во однос на кинеските „нефер трговски практики“.

„САД бараат здрави економски односи со Кина од кои имаат корист двете страни“, рече Јелен и додаде дека Америка и Кина треба да имаат отворена и директна комуникација кога станува збор за меѓусебни несогласувања.

Таа ќе се сретне со кинескиот вицепремиер Хе Лифенг и гувернерот на централната банка и други претставници во јужниот град Гуангжу. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан