• недела, 21 јули 2024

ЈАР: Осум жени силувани при напад за време на снимање на спот

ЈАР: Осум жени силувани при напад за време на снимање на спот
Јоханесбург, 29 јули 2022 (МИА) - Група вооружени мажи нападнале и силувале осум девојки за време на снимање на спот во близина на Јоханесбург, Јужноафриканската Република. Портпаролката на полицијата, бригадниот генерал Бренда Муридили, во изјавата рече дека неидентификувани вооружени напаѓачи вчера нападнале екипа која снимала видео на сет поставен во регионот Кругерсдорп. Објавувајќи дека во нападот на сетот биле силувани осум жени, Муридили рече дека и некои членови на тимот биле ограбени, јави Анадолија. Поведена е опсежна истрага и потера за фаќање на сторителите. ссм/

Остани поврзан