• петок, 23 август 2024

Јапонските власти воведоа вонредна состојба во Токио поради коронавирусот

Јапонските власти воведоа вонредна состојба во Токио поради коронавирусот
Токио, 8 јули 2021 (МИА) - Јапонскиот премиер Јошихиде Суга воведе вонредна состојба во Токио, која ќе трае до 22 август. Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август. Властите на земјата одлучија да воведат вонредна состојба поради нагло зголемување на случаите на инфекција со коронавирус во регионот. Вчера, Токио забележа најголем број нови случаи со КОВИД-19 од средината на мај (920). Денес, Меѓународниот олимписки комитет и организаторите на Игрите ќе донесат нова одлука во врска со присуството на локалните навивачи на спортски објекти. Многу е веројатно, натпреварите во главниот град на Јапонија и околните префектури да се одржат без гледачи. зс/

Остани поврзан