• петок, 05 декември 2025

Јапонска компанија планира изградба на прв нов нуклеарен реактор по Фукушима

Јапонска компанија планира изградба на прв нов нуклеарен реактор по Фукушима

Осака, 22 јули 2025 (МИА) – Компанијата „Кансаи Електрик Пауер“ (Kansai Electric Power) денеска соопшти дека планира да почне геолошко истражување за изградба на нов нуклеарен реактор во својата електрана Михама на јапонскиот брег.

Ова би претставувало прв нов реактор во Јапонија по нуклеарната катастрофа во Фукушима во 2011 година.

Во моментов, третиот блок е единствениот реактор во функција во електраната Михама, додека другите два блока се пред деактивирање.

Од изградбата на третиот блок во електраната Томари, кој почна со работа во 2009 година, во Јапонија не е изграден ниту еден нов нуклеарен реактор. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан