• среда, 20 ноември 2024

Јапонската компанија чие лого наводно било на уредите кои експлодирале го прекинала нивното производство пред 10 години

Јапонската компанија чие лого наводно било на уредите кои експлодирале го прекинала нивното производство пред 10 години

Токио, 19 септември 2024 (МИА) - Јапонската фирма Иком соопшти дека пред околу 10 години престанала да произведува модел на воки-токи што наводно бил користен во неодамнешните експлозии во Либан.

-IC-V82 е рачно радио кое се произведуваше и извезуваше, вклучително и на Блискиот Исток, од 2004 до октомври 2014 година. Тој беше прекинат пред околу 10 години и оттогаш не беше испорачан од нашата компанија, соопшти компанијата во изјава.

Јапонскиот производител на радио опрема вели дека ги истражува извештаите дека во Либан експлодирале комуникациски уреди со неговото лого.

Воки-токи уреди што ги користеше Хезболах детонираа низ јужен Либан, по слични експлозии на пејџери еден ден претходно.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека најмалку 20 лица загинале, а повеќе од 450 се ранети во најновите експлозии на воки-токи уреди низ Либан.

Портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач рече дека компанијата поврзана со пејџерите, кои експлодираа додека ги користеа членовите на Хезболах во Либан, нема производствена локација во Унгарија.

Генералното собрание на Обединетите нации донесе резолуција со која се бара Израел да го прекине присуството на окупираната палестинска територија во рок од 12 месеци.

Предвидено е израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се обрати пред Генералното собрание на ОН на 26 септември, истиот ден кога и палестинскиот претседател Махмуд Абас. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан