• вторник, 24 декември 2024

Јапонската Влада се подготвува да изгради засолништа во случај да избие конфликт во Тајван

Јапонската Влада се подготвува да изгради засолништа во случај да избие конфликт во Тајван

Toкио, 1 април 2024 (МИА) - Јапонската Влада се подготвува да изгради подземни цивилни засолништа направени од челичен армиран бетон со дебелина од 30 сантиметри во случај да избие воен конфликт во соседен Тајван.

Засолништата ќе се градат на островите во префектурата Окинава, кои се најблиску до Тајван, пишува јапонскиот весник „Асахи Шимбун“.

Објектите, како што се наведува, ќе се градат во општините Ишигаки, Мијакоџима, Јонагуни, Такетоми и Тарама, кои се наоѓаат на оддалечените острови од каде евакуацијата е можна само со авион и брод.

Засолништата ќе бидат достапни за оние кои не можат навреме да се евакуираат, додека за останатите е смислен план за евакуација. Во објектите ќе се складира доволно храна и вода најмалку две недели, а секој човек треба да има околу два квадратни метри за себе. Кога не се користат, засолништата може да се користат за состаноци и други собири, рекоа локалните власти. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан