• сабота, 23 ноември 2024

Јапонија успешно лансираше ракета, треба да слета на Месечината за неколку месеци

Јапонија успешно лансираше ракета, треба да слета на Месечината за неколку месеци

Toкиo, 7 септември 2023 (МИА) - Јапонија успешно лансираше ракета со модул создаден за работа на Месечината. Леталото треба да слета на нашиот пироден сателит за неколку месеци - со голема прецизност, на радиус од максимални 100 метри од целта.

По три одложувања од крајот на август поради неповолните временски услови, ракетата „Х-ИИА“ на Јапонската вселенска агенција ЈАКСА полета денеска од космодромот во Танегашима на брегот на Тихиот Океан.

Месечевата лабраторија наречена „СЛИМ“ би требало да слета на Месечината за четири до шест месеци. Целта е проучување на карпите на Месечината, како и внатрешноста којашто засега е слабо истражена.  си/

Фото: МИА архива.

Остани поврзан