• сабота, 23 ноември 2024

Јапонија останува без цифри за кредитните картички

Јапонија останува без цифри за кредитните картички
Токио, 26 август 2020 (МИА) - Јапонија може да остане без бројки за кредитните картички со 16 цифри, откако Владата одлучи да ги охрабри електронските плаќања и зголемувањето на интернет купувањето за време на пандемијата на Ковид 19, објавија локалните медиуми. Јапонија имаше околу 283 милиони кредитни картички во март 2019 година, но тој број се зголеми откако Владата воведе систем на поени за безготовински трансакции минатиот октомври. Во меѓувреме, плаќањата со картички станаа се попопуларни за време на пандемијата. Првите шест бројки од бројот на картичката се однесуваат на земјата, брендот и други информации, а издавачот одлучува за последните 10. Според списанието Маиничи Шимбун, издавачите се загрижени дека наскоро може да има недостиг на комбинации на броеви од седмата цифра натаму. Проблемот може да се реши со додавање на бројка, но тоа би чинело десетици милијарди јени и ќе предизвика нарушувања. - Иако сакаме да избегнеме зголемување на бројот на цифри што е можно повеќе, мислам дека нашиот единствен избор е сами да го понесеме товарот на трошоците, оценува една од компаиите кои издаваат картички. ссм/

Остани поврзан