• среда, 25 декември 2024

Јапонија најави донација од 17 милиони дози вакцини против Ковид-19

Јапонија најави донација од 17 милиони дози вакцини против Ковид-19
Токио, 26 јуни 2021 (МИА) -  Јапонските власти најавија дека ќе донираат 17 милиони дози вакцини Астра Зенека на азиските земји. Јапонскиот министер за надворешни работи Тошимитсу Мотеги изјави дека Јапонија следната недела ќе донира по еден милион дози вакцини на Индонезија, Малезија, Филипини и Тајланд. - Во тек се завршните подготовки за испорак“, рече Мотеги, додавајќи дека исто така се подготвува и донација од по еден милион дози вакцини за Тајван и Виетнам, на кои Јапонија веќе им донираше 1,24 милиони, односно милион дози вакцини. Во исто време, јапонските власти најавија дека ќе донираат 11 милиони дози вакцини на земјите од Југоисточна и Југозападна Азија и островите во Пацификот. Оваа донација ќе се спроведе преку Глобалната програма на Обединетите нации КОВАКС. ссм/

Остани поврзан