• недела, 21 јули 2024

Јапонија и понатаму ќе им плаќа на САД за одржување на воените бази

Јапонија и понатаму ќе им плаќа на САД за одржување на воените бази
Токио, 17 февруари 2021 (МИА) - Јапонија и САД се договорија да го продолжат договорот според кој Токио ќе продолжи да плаќа за одржување на американските бази што се на јапонска територија. - Во истовреме, Јапонија и САД разговараат за нов договор, изјави шефот на јапонската дипломатија Тошимицу Мотеги. Според досегашниот петгодишен договор, што е во сила до април 2022 година, Јапонија ќе издвои 199,3 милијарди јени (1,8 милијарди долари) за фискалната година, што завршува на 31 март. ми/

Остани поврзан