• среда, 27 ноември 2024

Јапонците покренаа истрага за авионската несреќа на аеродромот во Токио

Јапонците покренаа истрага за авионската несреќа на аеродромот во Токио

Токио, 3 јануари 2023 (МИА) - Јапонските сообраќајни власти покренаа истрага за судирот на патнички авион и авион на крајбрежната стража на аеродромот во Токио.

Инспекторите ги испитуваат јагленосаните остатоци од патничкиот авион, додека медиумите јавуваат дека полицијата истражува и можно професионално невнимание во овој случај.

Сите 379 лица во авионот на Japan Airlines беа евакуирани и спасени откако авионот се запали по несреќата при слетувањето на аеродромот Ханеда.

Пет од шесте членови на екипажот на авионот на крајбрежната стража што замина на мисија по земјотресот кај западниот брег на Јапонија загинаа. Капетанот преживеа, но беше тешко повреден.

Несреќите на пистата некогаш беа голем безбедносен проблем, но станаа многу поретки благодарение на модерната технологија и процедурите за надгледување на земјата, велат воздухопловните експерти.

Јапонските власти објавија дека засега не е јасна причината за несреќата. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан