• вторник, 24 декември 2024

Јапонија издвојува 265 милијарди долари за поддршка на економијата

Јапонија издвојува 265 милијарди долари за поддршка на економијата
Токио, 7 ноември 2021 (МИА) - Јапонската Влада планира да усвои нов пакет за да обезбеди финансиска поддршка на економијата и луѓето погодени од ширењето на коронавирусот, вреден повеќе од 265 милијарди долари, објави новинската агенција Кјодо. Планот вклучува еднократен додаток од 100.000 јени за секое дете под 18 години за сите семејства кои живеат во земјата. Се очекува одлуката официјално да биде објавена на 19 ноември. Претходно беше најавено дека право на еднократна исплата ќе имаат сите семејства со деца, без разлика на нивниот приход. Владата, исто така, размислува да му даде на секој жител на земјата поени во вредност од 265 долари (30.000 јени). Тоа е систем на државни идентификациски броеви во кои поените можат да се користат за плаќање на разни стоки и услуги. Минатата година, секој јапонски граѓанин и секој странец што живее во Јапонија доби еднократна исплата од 100.000 јени како дел од поддршката во текот на пандемијата. гт/

Остани поврзан