• четврток, 26 декември 2024

Јапонија за американските трупи на нејзина територија годишно троши 1,9 милијарди долари

Јапонија за американските трупи на нејзина територија годишно троши 1,9 милијарди долари
Токио, 24 февруари 2021 (МИА) - Шефот на јапонската дипломатија Тошимицу Мотеги денеска изјави дека Јапонија ќе потроши 1,9 милијарди долари за престојот и сместувањето на 55.000 американските војници во фискалната година, што почнува во април. Тој наведе дека е постигнат билатерален договор за поделба на трошоците за американските бази што се наоѓаат на територијата на Јапонија. - Сакаме да ја сочуваме блиската соработка со САД, со цел да го зајакнеме нашиот сојуз за да може да одговори на предизвиците, посочи Мотеги. Поделбата на трошоците се ревидира на секои пет години, а актуелниот договор е во сила до 31 март 2022 година. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп инсистираше земјата домаќини да плаќа повеќе за распоредувањето на американските војници. ми/

Остани поврзан