• сабота, 21 декември 2024

Јапонија досега потроши 15,4 милијарди долари за организирање на Олимпијадата

Јапонија досега потроши 15,4 милијарди долари за организирање на Олимпијадата
Токио, 20 јули 2021 (МИА) - Тоширо Муто, генерален секретар на Организациониот комитет „Токио 2020“, зборуваше за трошоците на Јапонија, земјата домаќин на Олимписките игри. - Вкупните трошоци за организација на Олимписките игри, кои беа на товар на владата на Јапонија и властите на Токио, изнесуваат 15,4 милијарди долари, рече Муто за време на 138. сесија на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК). Муто истакна дека буџетот за Игрите е ревидиран по одложувањето на една година. Дополнителни 900 милиони долари беа потрошени за создавање безбедна средина за турнирот. Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август. Турнирот е одложен од 2020 година поради пандемијата на коронавирус. зс/

Остани поврзан