• понеделник, 23 декември 2024

Јапонецот Ито прво засилување на Баерн

Јапонецот Ито прво засилување на Баерн

 

Минхен, 13 јуни 2024 година (МИА) – Јапонскиот фудбалер Хироки Ито е нов играч на Баерн, потврди денеска германскиот клуб.

Ито во Баерн пристигнува од Штутгарт и потпиша четиригодишен договор со Баварците.

Тој е првото засилување на новиот тренер на Баерн, Винсент Компани, кој минатиот месец го замени Томас Тухел на клупата.

- Сакаме „гладни“ играчи кои носат нова енергија, а Хироки има сè што сакаме: тој е играч кој прифаќа предизвици, ги надминува и продолжува да притиска напред“, изјави членот на спортскиот комитет на Баерн, Макс Ербел.

Баерн не ја објави висината на трансферот, а според германскиот магазин Кикер, најтрофејниот бундеслигаш ќе му плати на Штутгарт 23 милиони евра плус потенцијални бонуси на име обештетување. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан