• сабота, 23 ноември 2024

Јанша против „двојните стандарди“ на западните членки за Полска и Унгарија

Јанша против „двојните стандарди“ на западните членки за Полска и Унгарија

Љубљана, 3 јули 2021 (МИА) - Словенечкиот премиер Јанез Јанша во разговорот со дописниците од европските медиуми во Брисел повтори дека тој е против „двојните стандарди“ што ги применуваат западните членки во осудата на „нелибералните“ конзервативни влади во Полска и Унгарија.

„Европската унија не е унија без Централна Европа“, рече Јанша, кој важи за приврзаник на политиката што ја спроведува унгарскиот премиер Виктор Орбан кон Брисел.
Јанша, заедно со полскиот премиер, беше единствениот лидер на ЕУ кој на самитот го поддржа унгарскиот премиер за законот за ЛГБТ и за медиумските слободи.
„Немаме проблем да се проверува владеењето на правото, слободата на печатот, финансирањето на медиумите“, рече Јанша, но истакна дека Словенија има свои закони и контроли и дека е суверена држава.
     

Остани поврзан