Јанша во посета на Украина за поддршка на суверенитетот на земјата во меѓународно признатите граници
- Словенечкиот премиер Јанез Јанша ќе ја посети Украина в четврток и петок, потврдија денеска од неговиот кабинет, нагласувајќи дека премиерот сака да ја изрази словенечката поддршка за европск

Љубљана, 23 февруари 2022 (МИА) - Словенечкиот премиер Јанез Јанша ќе ја посети Украина в четврток и петок, потврдија денеска од неговиот кабинет, нагласувајќи дека премиерот сака да ја изрази словенечката поддршка за европската перспектива на Украина и да ја потврди нејзината посветеност на територијалниот интегритет и суверенитет.
За време на „работната посета“, Јанша ќе се сретне со украинскиот премиер Денис Шмихал, а ќе разговара и со претседателот Володимир Зеленски.
Целта на посетата е „да се изрази поддршка за европската и евроатлантската перспектива на Украина и да се потврди посветеноста на Словенија на територијалниот интегритет и политиката на суверенитет на Украина во нејзините меѓународно признати граници“, се вели во соопштението.
Се додава дека посетата ќе биде и можност за продлабочување на билатералните односи меѓу Словенија и Украина. паг/