• среда, 25 декември 2024

Јанчев очекува пожарот на Серта денеска да се стави под контрола

Јанчев очекува пожарот на Серта денеска да се стави под контрола

Неготино, 14 јули 2024 (МИА) - Пожарот на планината Серта се очекува денеска да се стави под контрола и да се изгаснат конечно големите стихии, истакна кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, кој заедно со градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов, беа на терен во неготинско. 

-Денеска се работи со четири булдожери, пет багери за отсечување на теренот и локализирање на пожарот кој веќе неколку дена се шири во неготинско. На терен се вклучени и полицијата и АРМ заедно со пожарникари од Неготино и Кавадарци, со седум цистерни кои го гаснат пожарот од земја, а додека ЦУК со АРМ и МВР интервенираат од воздух со три хеликоптери и два авиони, појасни Јанчев. 

Стојанов нагласи дека пожарот на Серта се гасне координирано од воздух и од земја.

-Стотина припадници на АРМ, на Министерството за внатрешни работи, ТППЕ, јавни комунални претпријатија, припадници на Национални шуми, ловџии, волонтери и локално население од утринава масовно се вклучени во гаснењето на пожарот на планината Серта, а поддршка има и од соодветна механизација. Исто така, се дејствува и од воздух со два хеликоптера од воздухопловниот ВИНГ, два  авиона ер трактори, сето тоа во координација и насочен ангажман во гаснењето на пожарот, додаде Стојанов. свд/фф/

Фото: МИА 

Остани поврзан