• петок, 26 јули 2024

Јанчев: Започната е реконструкција на ООУ „Страшо Пинџур“ во село Возарци

Јанчев: Започната е реконструкција на ООУ „Страшо Пинџур“ во село Возарци
Кавадарци, 3 февруари 2022 (МИА) - Започната е реконструкцијата на О.О.У „Страшо Пинџур“ во с. Возарци, Кавадаречко, информира на неговиот фејсбук профил градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев.
-Во тек се градежни зафати кои се однесуваат на изградба на комплетно нов кров, реконструкција на фасада и градежно занаетчиски работи во внатрешноста на училиштето кои опфаќаат санација на под, плафон и sидови. Со ова значително ќе се подобрат условите за работа и одвивање на квалитетна настава. Самиот објект ќе добие нов лик, а учениците ќе добијат современо училиште во кое се остварува воспитно образовниот процес согласно најсовремените стандарди, пишува на фесбук статусот на Јанчев. свд/вг/

Остани поврзан