• недела, 01 февруари 2026

Јанчев: Активирана зимската служба за безбеден сообраќај

Јанчев: Активирана зимската служба за безбеден сообраќај

Кавадарци, 27 јануари 2026 (МИА) - Активирана е зимската служба во општина Кавадарци со цел да се обезбеди безбеден сообраќај за сите возила, информираше утрово кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

- Од раните утрински часови активирана е зимската служба, која работеше на расчистување и одржување на патните правци кон Михајлово и Витачево, со цел обезбедување безбеден и непречен сообраќај, соопшти градоначалникот.

Јанчев претходно информираше дека голем број посетители се рекреираат на чист воздух во вистинска зимска идила на Ски-центарот „Михајлово“. И самиот заедно со претседателот на Советот на Општина Кавадарци, Стојанче Рамов, го посетиле „Михајлово“. свд/са/

Фото: „Фејсбук“ - страница на градоначалникот Митко Јанчев

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан