• вторник, 17 декември 2024

Јанчева: Градоначалничката Арсовска не побарала дозвола за продолжување на реконструкцијата на Универзална сала

Јанчева: Градоначалничката Арсовска не побарала дозвола за продолжување на реконструкцијата на Универзална сала
Скопје, 24 февруари 2022 Кога градоначалничката Данела Арсовска излегува на прес-конференции во најголем број случаи кажува половични информации, истакна од говорницата на Советот на Град Скопје, советничката на СДСМ Љубица Јанчева во врска со реконструкцијата на Универзална сала. Во интерес на вистината треба да се каже кога и зошто проектот Универзална сала е стопиран, а не да се замајува јавноста и да се споменуваат имиња и топла вода, кога претходното раководство тоа го констатирало и тоа не е ништо ново и ништо невообичаено кога се во прашање ваков тип на реконструкции, нагласи Јанчева, додавајќи дека самиот инвеститор го увидел проблемот, го констатирал и сето тоа е записнички евидентирано уште летото 2021 година. Таа нагласи дека тоа се тие фамозни записници, кои градоначалничката ги споменува, а во кои тогашното раководство, во соработка со инвеститорот го стопирало проектот. Заради тоа што ситуацијата е таква, каква што е, се поминува на она што треба да се отстрани за проектот да биде безбеден и во следната фаза, како промена на проект треба да се побара дозвола од општина Центар, а до овој момент после 4 месеци градоначалничката го нема тоа направено, рече Јанчева. Таа додаде дека за проектот за реконструкција на Универзална сала, кој е стопиран, досега се реализирани околу една третина од средствата обезбедени од Владата, односно 40 милиони денари.  Љубица Јанчева, советничка на СДСМ во Советот на Град Скопје ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. https://www.youtube.com/watch?v=8tYc29uWIwU

Остани поврзан