• среда, 27 ноември 2024

Јанушев: Со зголемување на акцизата владата на Заев удира врз народот

Јанушев: Со зголемување на акцизата владата на Заев удира врз народот
Скопје, 13 април 2020 Владата на Заев во услови на пандемија спроведува, она што западниот свет го нарекува кронизам, токсично пријателство помеѓу бизнисот и владата поради профитирање на сметка на пандемијата со корона. Тоа што во време на војна се нарекува воено профитерство, сега во услови на пандемија со корона се нарекува кронизам. Кронизам е кога владата ќе удри по грбот на граѓаните и ќе најави одлука за зголемување на акцизата на нафтата. Тоа значи дека Зоран Заев и Владата директно ќе земат пари од џебот на граѓаните за да се пополни буџетската дупка, потег од кој ќе се обогатат мал број на тајкуни. Впрочем со оваа мерка имаме враќање на криминалната транзиција на СДСМ. Тогаш се богатеа малкумина на грбот на граѓаните, додека мнозинството осиромашуваше, денес повторно Заев и СДСМ е собираат преку зголемена акциза собираат пари од граѓаните за да се обогатат малкумина. Во транзицијата се затвораа фабрики и луѓето остануваа без работа. И денес се прави истото. ВМРО-ДПМНЕ не поддржува воено профитерство, односно кронизам што ќе донесе зголемување на акцизата на нафта а со тоа и директно зголемување на цената на многу продукти и поскап живот. Владата ризикува инфлација и поскап живот на граѓаните. Цената на нафта допрва ќе расте на светската берза и ако на ова се придодаде и зголемување на акцизата која ќе ја направи владата на Заев тогаш ќе имаме европски цени на нафта во услови на неевропски стандард. Затоа бараме веднаш да се повлече од намерата за покачување на акцизата која ќе донесе поскап живот и сиромаштија на граѓаните. Не смееме да дозволиме враќање на транзицијата каде едни ќе се богатат, а други уште повеќе ќе осиромашуваат. Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан