Јанушев: На 15-ти јули народот доаѓа по своето
- Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Третата изборната единица Игор Јанушев денеска оствари средба со граѓаните на Истибања.
Скопје, 5 јули 2020 (МИА) - Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Третата изборната единица Игор Јанушев денеска оствари средба со граѓаните на Истибања.
- Во овие три и пол години живееме во една агонија, во еден грч, во едно зловреме каде што сите нас не натераа да ја свиткаме кичмата и да ја наведнеме главата. Истибања е пример зошто и кога било најтешко сте покажувале како се сака државата, сте ни давале мотив да продолжиме со борбата, да истраеме и еве после три години кога многу малу веруваа дека можеме да бидеме фаворити во изборите не очекува и претстои една голема победа пред се за Република Македонија, кажа Јанушев.
СДСМ и Заев, како што рече, се најголемото зло, најголемиот вирус што ја има зафатено државата и сега на 15 јули е времето кога треба да се збрише тој вирус.
- Она на што ја темелиме нашата држава, она што е содржано во оние 360 страници исполнети со 1.000 проекти се обврзуваме пред секој еден од вас дека ќе го исполниме. Ние не сме СДСМ, истите лаги кои што ги слушавте во 2016 Ви ги повторуваат и денеска. Тогаш ветуваа 30.000 денари плата, сега ветуваат 34.000. Нека кажат еден единствен проект, една единствена мерка што ја имаат направено сами. Нешто што го смислиле, го финансирале и еве дека не го направиле, барем што почнале да го прават. Не постои такво нешто, не во Истибањи, не во Виница, не во изборна единица 3, не во цела Република Македонија, рече Јанушев. мд/мч/