Јанушев на состанокот на Парламентарното Собрание на ОБСЕ информирал за претстојните избори и идното делување на ВМРО-ДПМНЕ
- Денес присуствував на состанокот на Бирото на Парламентарното собрание на ОБСЕ (OSCE Parliamentary Assembly) кој се одржа во Собранието на Република Македонија, во рамките на 30-от Министерски совет.

Скопје, 29 ноември 2023
Денес присуствував на состанокот на Бирото на Парламентарното собрание на ОБСЕ (OSCE Parliamentary Assembly) кој се одржа во Собранието на Република Македонија, во рамките на 30-от Министерски совет.
Како шеф на делегацијата во ПС на ОБСЕ, со особена чест и задоволство ги пречекав Претседателката и Генералниот секретар на ОБСЕ, г-ѓа Пиа Каума и г-дин Роберто Монтела, како и колегите пратеници од Австрија, Кипар, Велика Британија, Шпанија, Украина, Германија, Шведска, Романија, Азербејџан, Чешка и Ерменија.
На работниот состанок разговаравме за тековните и идни активности на ПС на ОБСЕ, а оваа прилика ја искористив да ги информирам колегите за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за претстојните избори и идното делување на ВМРО-ДПМНЕ по промената на власта во Република Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
фото: МИА Аррхива