• сабота, 23 ноември 2024

Јаневски: Одлучно за спортот во општина Ѓорче Петров

Јаневски: Одлучно за спортот во општина Ѓорче Петров
Скопје, 9 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на општината Ѓорче Петров од граѓанското движење „ Одлучно за промени “ на ДОМ и ЛДП д-р Љупчо Јаневски заедно со носителот на листата за советници Бојан Петровски деновиве остварија работни посети на повеќе спортски клубови кои функционираат во Ѓорче. На средбите, како што наведува во соопштението на тимот на Јаневски, се детектираа проблемите со кои се сретнуваат спортските клубови односно недостатокот на услови за функционирање, нередовните финансии како и потребата од поголема поддршка на општината и безнис секторот пред се во градењето на младите генерации спортисти. -Општината Ѓорче има општествена и морална одговорност да обезбеди поголема поддршка и развој на спортот во Ѓорче и на тој начин манифестирање на спортот како една од главните мотивации во развојот на младите генерации. Само тимската работа носи успеси во спортот а еден од главните играчи треба да е општината во овозможување на услови и дел од финансиската помош на спортските клубови. Потребна е нова методологија и правилници по кои ќе бидат поддржувани клубовите и наградуваат успесите како на поединечно така и на клубска основа. Затоа општината мора да биде повеќе присутна во клубовите а советниците дел од спортскиот живот за следење на спортскиот развојот преку организација на повеќе турнири и трки под општинско покровителство со што Ѓорче ќе се запише во календарот на спортски настани во Македонија и регионот, истакнал Јаневски. -Изградбата на повеќе нови спортски терени и оддржување како и модернизација на постоечките е еден од приоритетите во нашата програма за спортскиот развој на општината Ѓорче Петров. Создавањето на спортскиот совет составен од еминентни спортски имиња од Ѓорче ќе помогнат во развојот на спортот и нови генерации шампиони, нагласил тој. ац/

Остани поврзан