• сабота, 23 ноември 2024

Јаневски: Над 3,2 милиона ноќевања и повеќе од 430 милиони долари девизен прилив во 2023 година

Јаневски: Над 3,2 милиона ноќевања и повеќе од 430 милиони долари девизен прилив во 2023 година
Скопје, 27 септември 2022 (МИА) - Национална кампања на youtube и google, брендирање на земјата како дестинација, патно означување на туристичките атракции, надминување на 3,2 милиона ноќевања и повеќе од 430 милиони долари девизен прилив, брендирање на граничните премини, дигитализација, градење на платформата е-туризам и проекти со кои јасно ќе почне развојот на руралниот туризам, се само некои од целите на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) за 2023 година. Ова го напиша на својот фејсбук профил директорот на Агенцијата, Љупчо Јаневски по повод 27 Септември, Светскиот ден на туризмот. Јаневски нагласува и дека еден од приоритетите е АППТ да прерасне во национална туристичка организација (НТО). -Реорганизацијата ќе овозможи да креираме законски подобрувања, нивно инплементирање и доволно конкуренти со земјите од Отворен Балкан кој сам по себе создава пазар од 12 милиони домашни туристи. Ако создадеме иднина за државата тогаш ќе создадеме иднина и за секој сектор во економијата, вклучително и туризмот, истакнува директорот. мч/са/    

Остани поврзан