• вторник, 24 декември 2024

Јаневска: Царовска не нуди дигитализација, туку само дигитални учебници

Јаневска: Царовска не нуди дигитализација, туку само дигитални учебници

Скопје, 2 јуни 2021

Дигитализацијата светски тренд и е потребна, но ова што го нудат МОН и Царовска не е дигитализација туку само дигитални учебници. Новиот Закон тоа го нуди, односно вели дека печатени книги ќе има само од прво до трето одделение, а се понатаму печатени книги нема. Сите книги треба да бидат електронски, односно дигитални, изјави Весна Јаневска претседателка на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, на панел дискусијата во организација на ВМРО - ДПМНЕ, а насловена како „4 години Заев, 4 години украден живот, доста е“.

Јаневска потенцира дека  ваквата идеја ќе предизвика нарушување на детски права и дискриминација.

- Децата кои немаат дигитални уреди ќе треба да добијат копија, и тоа нема да биде дигитален учебник за тие деца оти ќе ги нема дигиталните содржини. Ние имаме училишта каде децата немаат услови за престој, а наставниците пристојни услови за работа. Не само што немаат паметни табли и дигитални уреди туку немаат услови за одржување на хигиена. Тие немаат ни пристојни тоалети, училиштата се руинирани, клупи се распаѓаат, нагласи Јаневска.

Таа истакна дека власта прво треба да се посвети да ги подобри условите во училиштата и истите да ги дигитализира, а потоа да се размислува за дигитални учебници. 

Како споредба ВМРО-ДПМНЕ изгради 74 нови училишта, реновираше  400, изгради 51 спортска сала. Ако направиме споредба тоа е 8 до 10 пати повеќе. Страшно е што проектите кои ги направи претходната влада оваа влада не може да ги одржува и ги остава да се распаѓаат, рече Јаневска.

Весна Јаневска претседателка на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан