• вторник, 17 декември 2024

Јаневска: Платите во образованието треба да се усогласат со колективниот договор и да се нивелираат според минималната плата

Јаневска: Платите во образованието треба да се усогласат со колективниот договор и да се нивелираат според минималната плата
Скопје, 1 септември 2022 
„Се доцни со обуките за наставниците кои треба да ја спроведуваат новата програма и тоа е исто толку страшно како немање учебници. Значи наставниците добиваат нови содржини, нови предмети како Историја Општество и за нив требаше да се одржат обуки“, изјави претседателката на комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска во вечерашното гостување во Централниот дневник на ТВ Сител во „Тема на денот“.Таа додаде дека државата треба сериозно да си направи план и стратегија што ќе прави со образованието затоа што таа 100 пати повторува дека ако нема образование нема држава и не може ништо друго да функционира што всушност ние тоа и го гледаме затоа што необразовани луѓе раководат на одредени значајни места и ние сме во ваква состојба во која што сме.„Немањето кадар особено за професорите по Математика, Физика, Хемија, Информатика знаете јавна тајна во Македонија нашите информатичари уште пред да завршат факултет се вработуваат во странски фирми и онлајн работат од дома и земаат 5 пати поголеми плати од наставниците“, рече Јаневска.Јаневска посочи дека денес министерот за образование вели дека Владата направила многу и им ја покачила платата за 15%, но при тоа не вели дека инфлацијата дефакто им го поништи тој процент од 15.„Тие и со ова покачување на наставниците кои се луѓе од крв и од месо имаат семејство и свој потреби, тие со ова покачување сега во септември не може да си дозволат да си обезбедат тоа што можеа во јуни без покачувањето“ кажа Јаневска.
Јаневска потенцираше дека ова покачување воопшто не треба да се смета како нешто значајно што го направила Владата. Бидејќи она што секако им е ветено од оваа власт а тоа е според колективниот договор нивелирање на нивните плати според минималната плата во државата.
Јаневска: Власта ако сакаше да има учебници, имаше доволно време тие да се испечатат, да се истражи дали причината за доцнење е во тендери
„Комплексно е прашањето зошто не може да профункционира образовниот систем, но на врвот на сето ова се наоѓа неодговорност, неорганизираност, хаотично работење, работење по принципот од денес за утре. Притоа, тука се вмешани многу други фактори како што се тендери, способност и неспособност на одредени луѓе, способност на фирмите миленички да го сработат тоа што треба да го сработат. А, за жал, се зборува дека и корупцијата длабоко навлегува, дури и во овој систем“, вели Весна Јаневска претседателка на Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ, во нејзиното денешно гостување во централниот Дневник на Сител телевизија, запрашана зошто не може да профункционира образованиот систем во Република Македонија.
Таа додаде дека ова прашање треба да биде упатено и одговори за тоа треба да се бараат од оние што владеат и што треба да го раководат системот во кој што се образуваат идните генерации.
Како други показатели за неспособноста, неодговорноста на власта, посебно во образовниот сектор, Јаневска ги посочи и показателите со доделувањето на свидетелствата за постигнатиот успех на учениците на крај на август или на први септември, наместо во јуни кака што било до пред две-три години, како и немањето на учебници за одредени одделенија и најавата за нивно печатење дури за некаде на почеток на второто полугодие.
Јаневска вели дека да сакаше власта да обезбеди учебници за учениците имаа доволно време тоа да го направат, бидејќи и така наречената нова концепција веќе не е нешто ново, туку дека таа е влезена во образовниот процес веќе две години, доволно време за да се подготват учебниците за второ и петто одделение.
„Друг силен показател на сето ова што погоре го кажав е и доделувањето на свидетелствата на учениците наместо во јуни месец, на крајот на август, непосредно пред почетокот на новата учебна година или пак на самиот прв училишен ден. За да биде уште пострашно, и учебниците се показател за ваквото неработење , па ќе си дозволам да кажам, ако можат да си дозволат да го кршат законот кој вели дека учениците треба да имаат комплет книги на први септември. Ако тие можат да си го дозволат тоа, јас ќе си дозволам да кажам дека се комплетно неспособни. Концепцијата не е од вчера. Еве го слушам министерот комисијата национална била формирана во февруари. Ама тоа е новиот состав на комисијата, комисијата имаше стар состав претходно. Да сакале, да чувствувале одговорност, тие знаеја дека две години можеа да се спремат, знаеја дека ќе им дојде први септември 2022 каде што треба да има учебници за второ и петто одделение и требаше тоа со време да си го сработат“, рече Јаневска.
Додека, сега им даваат скрипта, наречена материјали за учење, некаква си книга во која се наоѓаат содржини од три предмети, македонски, односно мајчин јазик, математика и општество, а замислете книгите ќе биле готови до нова година, дури за следното полугодие.
„Но, ова не е ново. Се случуваше и минатата и пред минатата година. Немаше учебници за средните училишта, немаше учебници за оние  ученици кои учат по старата концепција. Денес додека кај првачињата гледаме насмеани лица, кај поголемите ученици гледаме тага, затоа што добиле половични учебници со искинати страници“, истакна Весна Јаневска.
Запрашана дали сето ова со доцнењето со учебниците е поради тендери, Јаневска вели дека не е таа која што може да даде одговор на ова, и предложи со оваа тема да се позанимава истражувачкото новинарство во Македонија, за да истражи зошто доцнат, се повлекуваат и се препечатуваат учебници и наставни материјали.
Во однос на укинувањето на дневникот во хартиена форма и имплементирањето, од минатата година, на електронскиот дневник, Јаневска вели дека е-дневникот беше добра замисла но, очигледно, имплементацијата лошо оди, затоа што тоа е програма која бара редовно одржување што воопшто не се случува и треба да се бара одговорност од раководните лица.
„Реформата со електронскиот дневник беше добро замислена, меѓутоа очигледно дека имплементацијата лошо оди и електронскиот дневник како програма си бара одржување што воопшто не се случува и си бара одговорност на раководните лица кои треба да го обезбедат тоа одржување. Наставниците и во хартиениот дневник и во електронскиот дневник запишуваа двојна работа се што треба да го содржи дневникот. Електронскиот дневник во оваа земја во која постои сајбер криминал а нема закон кој тоа би го спречил, ниту училиштата имаат вработени информатичари кои ќе го заштитат тој електронски дневник, не е можно одржувањето и наставниците мораше да ги печатат и да ги имаат во тврда форма податоците за учебниците. Бидејќи ова не е можно да се спроведе наставниците си го бараат стариот хартиен дневник но и промена на електронскиот дневник“, посочи Јаневска.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан