Јаневска: Без квалитетни наставници, не можеме да добиеме ништо и од најквалитетните наставни програми
- СООПШТЕНИЕ - Ако нешто се обидете да им наметнете на наставниците, тоа не може да даде плод во образованието. Тие мора да имаат мотив и да се најде начин кој најмногу им одговара за да ги пренесуваат знаењата кон учениците, рече Јаневска, додавајќи дека подолгиот престој во училиштето е од корист за сите во образовниот процес вклучително и за наставниот кадар и дека ќе даде добри резуџлтати.
Скопје, 27 септември 2024
Наставните програми може да ни ги направат и најголемите експерти, но ако нема кој да ги спроведе, ништо нема да добиеме. Нам наставниците ни се важни и сите промени ќе ги правиме преку заедничка соработка. Истакна министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска во емисијата Вин Вин на ТВ Телма.
-Ако нешто се обидете да им наметнете на наставниците, тоа не може да даде плод во образованието. Тие мора да имаат мотив и да се најде начин кој најмногу им одговара за да ги пренесуваат знаењата кон учениците, рече Јаневска, додавајќи дека подолгиот престој во училиштето е од корист за сите во образовниот процес вклучително и за наставниот кадар и дека ќе даде добри резуџлтати.
Министерката најави дека ќе продолжат обуките на наставниците, но и дека од следната година тие ќе добијат поголемо процентуално покачување на платите. Овој месец пак, добија усогласување согласно општиот колективен договор.
Министерство за образование и наука
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.