• понеделник, 09 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Јана и Лука најпопуларни имиња во 2024 година

Јана и Лука најпопуларни имиња во 2024 година

Скопје, 31 декември 2024 (МИА) - Јана е најчестото женско, а Лука најчестото машко име што им се давани на новороденчињата во земјава во 2024-та година.

Според податоците на Управата за водење матични книги, меѓу најчестите имиња годинава кај новородените женски бебиња се и Хана, Софија, Дуа, Ана, Мила, Јована и Миа.

Кај машките деца, пак, најчести имиња покрај Лука се и Дамјан, Матеј, Марко, Јаков, Михаил, Давид, Јован, Петар, Матео, Алексеј и Андреј.

Бројот на живородени деца во земјава, според евиденцијата на Државниот завод за статистика, заклучно со септември годинава изнесувал 11 694, и бележи намалување во однос на 2023 година. дма/мд/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан