Јакимовски: Пензионерите од Карпош ќе добијат современ пензионерски дом
- Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски се обврза да изгради современ пензионерски дом во кој ќе има апартмани, простор за здравствена заштита, физикална терапија, за

Скопје, 11 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски се обврза да изгради современ пензионерски дом во кој ќе има апартмани, простор за здравствена заштита, физикална терапија, забава и рекреација.
Јакимовски најави дека како градоначалник на Карпош, заедно со пензионерските здруженија и Министерството за труд и социјална политика домот ќе го изгради на потегот кај булевар Илинден, а пензионерите од Карпош, како што рече, ќе можат да го користат по многу поволни услови.
- Дванаесет илјади пензионери конечно треба да добијат свој пензионерски дом и затоа на овој потег кај булеварот Илинден ќе предвидиме таков дом. Ќе биде граден на трипартитна основа – општина Карпош, пензионерски здруженија и министерство за труд и социјална политика. Тоа ќе биде современ дом каде што ќе има апартмани за пензионери, каде што ќе има простор за забава, за рекреација, за здравствена заштита, за физикална терапија и тоа ќе им се стави на располагање на пензионерите по многу
поволни цели за да може да го користат, најави Јакимовски. мс/ац/