• четврток, 07 ноември 2024

Јавно наддавање за дел од одземениот имот на Мијалков

Јавно наддавање за дел од одземениот имот на Мијалков

Скопје, 27 ноември 2023 (МИА) – Агенцијата за управување со одземен имот денеска од 9 до 12 часот извршува продажба на дел од одземениот недвижен имот на Сашо Мијалков конфискуван во предметот „Империја“.

Имотот ќе се продава по пат на електронско јавно наддавање.

- Право на учество на јавното наддавање по електронски пат имаат сите физички и правни лица, освен осуденото лице од кого е конфискувана недвижноста, вработените лица во Агенцијата за управување со одземен имот, како и друго лице кое службено учествувало во постапката за продажба, гласи еден од условите во огласот објавен од страна на Агенцијата за управување со одземен имот.

Агенцијата за управување со одземен имот претходно успешно ја спроведе и реализира продажбата на вкупно три одземени недвижности од поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање согласно правосилната пресуда за случајот „Империја“.

- Станува збор за три недвижности кои согласно правосилната судска предуда КОК - ПП бр. 283/2022 се одземени од Сашо Мијалков. Реализираните парични средства од продажбата ќе го зголемат државниот буџет во вкупен износ од 15.000.500 денари или 244 000 евра, информираа од Агенцијата.

Во јули годинава на аукција на берза беа ставени и запленети акции на Мијалков.

Во случајот „Империја“, Сашо Мијалков призна вина и се спогоди со Обвинтелството, а казната беше три години затвор и одземање на имот вреден околу 30 милиони евра, меѓу кои 25 станови и парцелата до хотелот Мериот. ар/аа/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан