• вторник, 24 февруари 2026

Јавните површини во Дебар ослободени од возила во неисправна состојба

Јавните површини во Дебар ослободени од возила во неисправна состојба

Дебар, 24 февруари 2026 (МИА) - Успешно заврши акцијата за отстранување на возила во неисправна состојба на јавни површини во Дебар, што е прва ваква активност реализирана до сега од општинските власти. 

-По поставените известувања и дадениот рок од 15 дена за доброволно отстранување, сите возила кои беа паркирани на јавни површини се отстранети доброволно од страна на сопствениците. Со тоа се ослободи јавен простор и се овозможи побезбедно движење на пешаците и возилата, рече за МИА, Аљтин Фетаху комунален инспектор.

Додава дека по извршен теренски надзор, пред 15 дена, постапувајќи врз основа на позитивните законски прописи, за отстранување на возила во неисправна состојба, регистрирал 8 возила паркирани на јавни површини кои го попречуваат слободното движење на пешаците и возилата.

-Задоволни сме од разбирањето и одговорноста на граѓаните за почитување на комуналните правила. Оваа акција ќе продолжи со цел почист, посреден и пофункционален град, порачува Фехату.

Исто така, апелира до сопствениците на оштетени возила да не ги оставаат на јавни површини, зашто нема да има никаква толеранција. Во исто време апелира до граѓаните отпадот да го оставаат на определните места за тоа а не да создаваат диви депонии.вт/вг/

Фото: Комунална инспекција Дебар

 

 

 

 

Остани поврзан