Јавниот превоз забранет од 21 до 5 часот
- Владата на вечерашната 26 седница донесе одлука да се забрани движење на возила од јавен превоз на територијата на целата држава во период од 21 часот до 5 часот односно додека трае полициски

Скопје, 23 март 2020 (МИА) - Владата на вечерашната 26 седница донесе одлука да се забрани движење на возила од јавен превоз на територијата на целата држава во период од 21 часот до 5 часот односно додека трае полицискиот час.
Од ноќеска полицискиот час се скратува за еден час и наместо до 6 ќе трае до 5 часот наутро.
Воведена е и нова забрана за две возрасни категории - за лица постари од 67 години, кои не смеат да излегуваат од дома од 11 часот претпалдне до 5 часот наутро, и за млади до 18 години, за кои движењето надвор е забрането од 21 часот до 12 напладне. хс/са/