• недела, 01 февруари 2026

Јавна расправа за Нацрт-законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор

Јавна расправа за Нацрт-законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор

Скопје, 28 јануари 2026 (МИА) - Јавна расправа за Нацрт-законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор, подготвен во рамки на усогласувањето со правото на Европската Унија и европските политики во оваа област ќе се одржи денеска во организација на Министерството за дигитална трансформација, во соработка со Фондација Метаморфозис.

Во рамки на настанот ќе бидат промовирани ажурираниот Портал за отворени податоци, како и ВИ асистентот (чат-бот) развиен во соработка со Македонски Телеком.  

На настанот ќе присустува и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, кој по воведните обраќања ќе даде изјава за медиумите во 10:15 часот. ац/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан