• недела, 24 ноември 2024

Јавна расправа за младинското претприемништво во пелагонискиот регион

Јавна расправа за младинското претприемништво во пелагонискиот регион
Скопје, 19 март 2021 (МИА) - Моменталните локални политики, достигнувања и планови за поддршка на младинското претприемништво во општините Битола, Ресен, Крушево, Демир Хисар, Могила, Новаци, Долнени и Кривогаштани се тема на дискусија на јавната расправа „Локална поддршка за младинско претприемништво во Пелагонискиот регион: предизвици и перспективи“ што ќе се одржи денеска во Битола, во организација на Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола. На јавната расправа, како што информираат организаторите, поздравно обраќање ќе има градоначалничката на општина Битола Наташа Петровска, а ќе присуствуваат и градоначалниците на општините Новаци, Могила и Кривогаштани. Свое излагање на расправата ќе имаат повеќе професори, претприемачи, обучувачи и претставници од општините, кои ќе зборуваат на теми за младинското претприемништвото како механизам за економски развој, за моменталната состојба, предизвиците и можностите за младинско претприемништво, за дoстапната и планирана институционална поддршка за млади претприемачи во Пелагонискиот регион и способностите кои треба да ги поседуваат младите преттприемачи како и поддршката која им е потребна за да е унапреди нивниот развој. Јавната расправа е дел од проектот „Поддршка на изборните реформи“ на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), а кој има за цел поинклузивни и подемократски изборни процеси раководени од зајакната организација на изборите кои се одблизу набљудувани од граѓаните. аа/скс/

Остани поврзан