• понеделник, 23 декември 2024

Јавна дискусија за предлог законите од кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација”

Јавна дискусија за предлог законите  од кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација”

Скопје, 30 август 2024 (МИА) - Министерството за јавна администрација (МЈА), со поддршка на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) денеска во Скопје организира јавна дискусија за предлог законите во рамките на кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација” со учество на општинската администрација.

Како што е најавено, јавната дебата со свои воведни обраќања ќе ја отворат министерот за јавна администрација Горан Минчев, министерот за локална самоуправа Златко Перински и Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС.

-На настанот ќе се адресираат клучните предизвици во различни сфери од работата на администрацијата и институциите од јавниот сектор, но и ќе се дискутира за последните предложени законски решенија во областа кои повторно ги отвораме за јавноста во насока на поквалитетни решенија за уредување на работата на јавната администрација, најави Министерството за јавна администрација. вг/лв/

Фото: Министерство за јавна администрација

 

Остани поврзан