Јавна дебата по повод Неделата на пешаците
- На Факултетот за безбедност во Скопје денеска ќе се одржи јавна дебата по повод Неделата на пешаците, која ќе ја организира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност.

Скопје, 3 април 2025 (МИА) - На Факултетот за безбедност во Скопје денеска ќе се одржи јавна дебата „Безбедноста на пешаците - одговорност на сите нас“, по повод Неделата на пешаците.
Дебатата ја организира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност.
Најавено е учество на експерти од областа на сообраќајот и претставници на надлежни институции, а ќе се обрати и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
РСБСП соопшти дека целта на дебатата е „да ја потенцира важноста на безбедноста на пешаците во сообраќајот, да ги истакне предизвиците со кои тие се соочуваат и да промовира одговорно однесување на сите учесници во сообраќајот“. хс/лв/
Фото: МИА архива