• петок, 05 декември 2025

Јавен оглас за поддрша на културните активности во општина Ѓорче Петров за 2025 година

Јавен оглас за поддрша на културните активности во општина Ѓорче Петров за 2025 година

Скопје, 8 мај 2025

Општина Ѓорче Петров објавува јавен оглас  за доделување финансиски средства за поддршка на проекти од областа на културата и невладиниот сектор за 2025 година, согласно Програмата за култура на општината.

Право на учество имаат:

Здруженија од областа на културата;

Автори, уметници, правни и физички лица со седиште или живеалиште во Ѓорче Петров;

Лица кои патуваат или настапуваат во странство со официјална покана или друг релевантен доказ;

Организации и поединци надвор од општината, доколку активноста се реализира на територијата на Ѓорче Петров.

Пријавувањето се врши со доставување на потребната документација, која вклучува пополнета апликација, биографија или историјат, програма и акциски план за 2025 година, финансиски план, документи од Централниот регистар (не постари од 6 месеци), потврда за активна жиро сметка, како и детална програма за реализација на проектот.

Апликантите кои претходно добиле финансиски средства од Општина Ѓорче Петров во 2024 година се должни да приложат и финансиски извештај за нивната реализација.

Поддржаните проекти треба да придонесат кон афирмација на македонското културно творештво и промоција на Општина Ѓорче Петров.
Сите информации и документи потребни за аплицирање се достапни на следниот линк:

Општина Ѓорче Петров ги охрабрува сите заинтересирани да се вклучат и да придонесат кон збогатување на културната сцена во нашата општина.

Фото: Општина Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан