• понеделник, 16 декември 2024

Јабланица: Штетите од поплавите и одроните се проценуваат на околу 25 милиони евра

Јабланица: Штетите од поплавите и одроните се проценуваат на околу 25 милиони евра

Јабланица, 15 октомври 2024 (МИА) - Прелиминарната проценка на штетите од катастрофалните поплави и одрони изнесува речиси 50 милиони КМ (околу 25 милиони евра), изјави градоначалникот на општина Јабланица, Дамир Шабановиќ.

Тој рече дека се оштетени околу 200 објекти, од кои вкупно 49, а оштетени се и земјоделски површини, стопански и јавни објекти.

„Се уште работиме на расчистување на патиштата, воспоставување нормална комуникација и решавање на проблемите со снабдувањето со вода и електрична енергија“, рече Шабановиќ и им се заблагодари на сите што помогнаа на Јабланица и другите погодени подрачја.

Министерот за енергетика, рударство и индустрија на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Ведран Лакиќ, за време на посетата на Јабланица рече дека федералната влада од почетокот е на терен и ќе продолжи да помага се додека не бидат згрижени сите погодени од таа катастрофа. паг/

 

Остани поврзан