• среда, 11 декември 2024

Ѕаниоло го соблече дресот за да го прослави голот против својот поранешен тим

Ѕаниоло го соблече дресот за да го прослави голот против својот поранешен тим

Рим, 3 декември 2024 (МИА) - Николо Ѕаниоло емотивно го прослави голот против својот поранешен тим.

Фудбалерот од средниот ред на Аталанта постигна гол синоќа против Рома во последниот натпревар од 14. коло на Серија А. Натпреварот на „Олимпико“ во Рим заврши со победа на гостите со 2:0.

Прославувајќи го голот, Ѕаниоло го соблече дресот и истрча до навивачите од Бергамо. За ова доби жолт картон.

Да потсетиме, Николо мина четири и пол години во римскиот тим, по што се пресели во Галатасарај. За Аталанта настапува како позајмен од турскиот клуб. зс/

Фото: ЕПА 

Остани поврзан