• вторник, 26 ноември 2024

Ѓукановиќ: ДПС не ја поколеба резултатот од парламентарните избори и работи на брза консолидација

Ѓукановиќ: ДПС не ја поколеба резултатот од парламентарните избори и работи на брза консолидација
Подгорица, 25 јануари 2021 (МИА) - Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ синоќа, по вонредниот конгрес на Демократската партија на социјалистите (ДПС), на кој беше реизбран за лидер на партијата, рече дека ДПС не ја поколеба резултатот од парламентарните избори и дека работи на брза консолидација. Тој на прес-конференција по завршувањето на деветтиот, вонреден конгрес на ДПС, рече дека „тоа е можност да се потсети на резултатите на партијата и да се дискутира за грешките и слабостите што ја доведоа до сегашната позиција“. ДПС, во каква било улога, како што рече, носи посебна одговорност за Црна Гора. - Бидејќи ние сме водечка политичка сила што донесе независност и што ја водеше земјата на вистинскиот пат - ЕУ и НАТО, затоа имаме посебна одговорност да ги зачуваме достигнувањата на Црна Гора, рече Ѓукановиќ. Тој додаде дека ДПС силно верува во граѓанска Црна Гора и дека се решени да се спротивстават на националистичките напади, пренесува РТЦГ. паг/  

Остани поврзан