• четврток, 04 декември 2025

Ѓорѓовски: Се трудам да го дадам максимумот на секој тренинг

Ѓорѓовски: Се трудам да го дадам максимумот на секој тренинг

Маврово, 6.август 2025 (МИА) - Емилјан Ѓорговски е ракометар со голем потенцијал, а во новата сезона ќе настапува за Алкалоид. Тој досега беше член на првакот Еурофарм Пелистер, но се реши за промена на средината и ќе бара шанса за ново докажување.

-  Презадоволен од тоа како сум прифатен од новите соиграчи. Подготовките течат без проблеми, а јас се трудам да го дадам својот максимум на секој тренинг, а потоа и на терен. Со дел од играчите имаме играно заедно во младинската репрезентација, па не беше тешко да се вклопам во тимот. Супер-лигата е поквалитетна секоја нова сезона и има поголема конкуренција. Покрај Вардар, Пелистер и Алкалоид, сезонава засилен е и Охрид. Но, секогаш има и по некое изненадување плус, не смее да се потцени ниту еден тим, изјави Ѓорѓовски

Алкалоид веќе неколку дена е на базични подготовки во Маврово, а првиот официјален натпревар го играат во Лигата Европа - квалификации каде ривал им е бундеслигашот Хановер.   мн/

Фото: Фејсбук РК Алкалоид

Остани поврзан