• понеделник, 23 декември 2024

Ѓорѓиев: Синдикатот на „Еуроникел" стравува дека  комбинатот ќе остане без струја

Ѓорѓиев: Синдикатот на „Еуроникел

Кавадарци, 8 ноември 2023 (МИА) - Синдикатот на ,,Еуроникел индустри" стравува дека комбинатот ќе остане без струја, вели претседателот на Синдикатот Миле Ѓорѓиев, во изјава за МИА. 

- Со денови наназад алармиравме, а и протестиравме повеќе пати,  укажувајќи дека нема услови за работа на комбинатот, нема руда и репроматеријали. Според нашите сознанија, струја има до утре, а нема пари за дополнително плаќање на електрична енергија. Сакаме да нагласиме дека со денови не можеме да воспоставиме никаква комуникација со странските сопственици на фабриката, додава Ѓорѓиев, нагласувајќи дека сакаат да ја информираат јавноста за проблемите на околу 800 работници, како и транспортери и други соработници на фабриката.

Доколку се изгаси печката, предупредува, дополнително ќе бидат потребни и многу пари и време таа повторно да се стави во функција. 

Ѓорѓиев додава дека очекуваат помош од државата, за спас на ,,поранешно Фени". 

- Тоа го очекуваме, бидејќи станува збор за гигант, значаен за кавадаречката но и македонската економија, вели претседателот на Синдикатот. 

Тој открива дека размислуваат да поднесат и кривична пријава против странските сопственици на фабриката, бидејќи, како што вели, со месеци им биле ветувани подобри денови за комбинатот. свд/лв/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан