• вторник, 24 декември 2024

Ѓорѓиевски: Со ребалaнсот создаваме можност за реконструкција на салата „Расадник”

Ѓорѓиевски: Со ребалaнсот создаваме можност за реконструкција на салата „Расадник”

Скопје, 10 април 2023 (МИА) - Општина Кисела Вода издвои средства од својот Буџет заради отпочнување на процес за темелна реконструкција на салата „Расадник”.

Како што информираат од општината едногласно, на денешната Седница на Советот на Општина Кисела Вода, била поддржана иницијативата на градоначалникот Ѓорѓиевски за создавање на финасиска конструкција која има за цел да овозможи реконструкција на ова место.

-Еднакво важно со градењето е и одржувањето на спортскaта инфраструктура. Жално и недозволиво е спортски објект кој, не само за Кисела Вода, туку и за Скопје, е симбол на едни убави спортски времиња да биде жртва на децениска запоставеност. Во салата Расадник се калеле спортските легенди на „Вардар, се уште се свежи сеќавањата на полните трибини од кои публиката имала можност да гледа врвна кошарка, одбојка, ракомет. На овој начин, сакаме да го започнеме процесот за враќање во живот на овој храм на спортот. Се надевам дека не само советниците кои денес едногласно ја поддржаа идејата, туку и сите наши жители се согласни дека сериозно треба да се зафатиме со реконструкција, но и со менаџирање на салата Расадник, која треба повторно да биде дом на спортот и расадник на идните спортски легенди, изјавил градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Инаку како што информира Општина Кисела Вода салата Расадник се’ уште е во надлежност на Јавното Претпијатие за стопанисување со спортски објекти и дека истото, во моментов, е под директни ингеренции на Владата.

Фото: Кисела Вода

Остани поврзан