Ѓорѓиевски се сретна со делегација на Националниот демократски институт - акцент на плановите за развој на Скопје како модерен, безбеден и инклузивен град
- Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари работна средба со делегација на Националниот демократски институт (НДИ), предводена од вишиот резидентен директор Роберт Скот Хајзлет.
Скопје, 12 февруари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска имаше работна средба со делегација на Националниот демократски институт (НДИ), предводена од вишиот резидентен директор Роберт Скот Хајзлет.
За време на средбата, како што информираат од Град Скопје, делегацијата беше информирана за тековните проекти и активности на Град Скопје, како и за стратешките приоритети и идните планови насочени кон развој на Скопје како модерен, безбеден и инклузивен град, ориентиран кон потребите на граѓаните.
- Посебен акцент беше ставен на досегашната успешна соработка меѓу Град Скопје и НДИ, при што беа разгледани можностите за нејзино понатамошно унапредување преку заедничка реализација на проекти и активности во повеќе области, со цел јакнење на демократските процеси и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните - се вели во соопштението од Град Скопје. мд/паг/
Фото: Град Скопје