• петок, 27 декември 2024

Ѓорѓиевски: Реконструираме улици во Пинтија кои биле заборавени три децении

Ѓорѓиевски: Реконструираме улици во Пинтија кои биле заборавени три децении

Скопје, 30 јуни 2024 (МИА) - Во рамки на роденденската седмица што се одвива во Општина Кисела Вода и во која синоќа беше затворено четиридневното Културно лето, секојдневно се реализираат и поголеми инфраструктурни проекти. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска ја посети населбата Пинтија каде започнува реконструкција на патна инфраструктура на површина од преку 5000 квадратни метри.

Како што соопштија од Општината, станува збор за улиците "Саса 12" и „Јабланица“ со сите нивни краци, улици кои што не биле обновени триесет години.

-Започнуваме со еден поголем проект за реконструкција на улици во Пинтија кои биле заборавени повеќе од три децении. Во периодот што е пред нас ќе работиме на улиците "Саса 12" со сите нејзини краци и на сите краци на улицата  "Јабланица". Ќе се врши асфалтирање и поплочување со павер елементи на површина од над 5000 квадратни метри.  Како што ветив, патната инфраструктура низ целата општина, до крајот на мојот мандат, а и порано од тоа, ќе биде обновена со што ќе овозможиме одлични услови за одвивање на сообраќајот и ќе го унапредиме квалитетот на живот во сите населби и населени места низ општина Кисела Вода, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. вг/аа/

Фото: Општина Кисела Вода

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан