• петок, 05 декември 2025

Ѓорѓиевски: Кисела Вода се менува, модерна и зелена

Ѓорѓиевски: Кисела Вода се менува, модерна и зелена

Скопје, 10 јуни 2025

Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, информираше дека во изминатиот период работеле на промена на старите и поставување на нови детски катчиња, реквизити и урбана опрема. Тој истакна дека се работи за нови нови подови кои се користат за летните Олимписки игри, нови клупи, фонтана и реквизити.-Кисела Вода секој ден сѐ поубава, модерна и зелена!

Изминатиов период работевме на обнова на старите, како и поставување на нови детски катчиња низ нашата општина.

Се работи за нови детски катчиња, нова урбана опрема, клупи, фонтани, нови подлоги на игралиштата со полипропиленски под кој официјално се користи за летните Олимписки игри.

За најмладите наши жители, за нивната детска игра непречено да тече добиваат модерни и безбедни простори, а повозрасните генерации ќе можат да уживаат во зеленилото и урбаната опрема кои ги нудат овие места.

Сето ова, хортикултурно уредено за да естетски изгледа уште поубаво!

Апелирам до родителите и дечињата да ги чуваме овие нови реквизити, а доколку забележат вандалско однесување веднаш да пријават до надлежните полициски служби.

Нашата Кисела Вода се менува секој ден и тие промени се насекаде околу нас. – рече Ѓорѓиевски.

 

Општина Кисела Вода 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Општина Кисела Вода 

 

Остани поврзан